И Кристијано Роналдо е една од главните теми во овој трансфер период. Додека португалскиот фудбалер заедно со своето семејство е на одмор, насловните страници на европските медиуми се исполнети со различни варијатнти околу неговата иднина.
Пред една недела Италијанците тврдеа дека ќе остане во Јувентус. Но, „Le10sport“ пак денеска излезе со информација дека Роналдо во ПСЖ не е невозможна мисија. Иако преговори засега нема, се размислува за евентуална соработка.
Овој трансфер сепак зависи од Килијан Мбапе. Доколку францускиот фудбалер замине од ПСЖ тогаш местото за Роналдо ќе биде широко отворено. Мбапе е на мета на Реал Мадрид, кој пак е подготвен да плати фиксна цена од 110 милиони евра и плус 50 илјади од бонуси.
Останува да видиме каква одлука ќе донесат и Роналдо и Мбапе.