Танески е нов селектор на кадетската репрезентација

121

Управниот одбор на Ракометна Федерација на Македонија донел одлука за именување на Наум Танески за тренер/селектор на машката кадетска репрезентација на Македонија. Според потврдата од РФМ, негов помошник ќе биде Миле Бочкаровски.

Машката кадетска репрезентација ќе учествува на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во периодот 04.01.2024 – 08.01.2024 година. На турнирот ќе учествуваат и националните селекции на Косово, Швајцарија и Словачка од кои најдобрите 2 селекции ќе обезебедат пласман на ЕП за играчи до 18 години, следната година во Црна Гора.

Организатор на групата за квалификацискиот турнир е Македонија, а натпреварите ќе се одигруваат во Скопје во спортскиот центар „Автокоманда“, а во пресрет на подготвителниот период машката кадетска репрезентација ќе учествува и на турнирот „Трофеј Карпати“ кој ќе се одржи во Плоешти, Романија во период од 25 до 29 октомври 2023, каде ќе учествуваат и националните кадетски селекции на Египет, Црна Гора и Романија.

ПретходноКЛ: Миовски против Ајнтрахт (Ф), Динамо (З) ја пречекува Астана, Ристовски гостува кај Лудогорец
СледноЛилард одби да биде трејдуван во Голден Стејт