Анчелоти: Во Реал сите мора да имаат шампионски менталитет

333

Тимот на Реал Мадрид синоќа, повеќе од среќно на домашен терен во рамките од Лигата на Шампионите го совлада тимот на Унион Берлин со 1:0. Голот постигнат во судиското продолжение на Џуд Белингам беше таличен за „Кралевите“ да не киксираат сериозно уште на почетокот.

„Второто полувреме беше подобро за нас. Добро е што овојпат не примивме гол. Унион Берлин речиси и да не ни остави празен простор за игра. Белингем има сериозна класа, а среќата е со него бидејќи секогаш се наоѓа на вистинското место, како што беше против Гетафе . Кога напаѓа од позадина е многу опасен. Ја користи својата интелигенција и тоа му помага“, изјави Анчелоти. 

„Нашиот тимски дух е на многу високо ниво. Секој што го носи дресот на Реал мора да има менталитет на победник“, продолжи Италијанецот па поентираше. 

„Сигурно ни недостасува Винисиус бидејќи тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Тој знае да направи разлика. Хоселу заврши одлична работа и можеше повторно да постигне гол. Со него сме поопасни во играта со глава“, додаде Анчелоти.

 

ПретходноЛЕ: Ливерпул почнува како прв фаворит, Ајакс и Олимпик (М) во дуел на екс-шампионите
СледноМакедонија две места подобра на ФИФА ранг листата