Мартин Одегард уште долго ќе биде дел од тимот на Арсенал. Во моментов капитенот на „Топџиите“ конечно го покажа и докажа својот неспомнен потенцијал и талент, и со своите игри стана еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Како таков сосема нормално што потпиша нов потгодишен договор со клубот, и уште долго ќе биде жител на Лондон.
Одегард пристигна во Арсенал во 2021 година како позајмен фудбалер од Реал, а откако одигра одлично менаџерот Артета се одлучи да го купи за 30 милиони фунти. Не погреши затоа што Одегард се разви во вистински лидер на тимот и еден од столбовите на екипата која е легитимен претендент за титулата во Англија.
A place where Martin beløngs ❤️ pic.twitter.com/UUqnAQRPfF
— Arsenal (@Arsenal) September 22, 2023