Она што беше најавувано со денови сега доби потврда. Џулиан Нагелсман е нов селектор на Германија, со краткорочен договор со завршувањето на Европскиот шампионат во 2024 година на кој што токму Германија е домаќин.
По проблемите кои настапија со Ханси Флик и серијата очајни резултати, федерацијата реагираше го отпушти, и го ангажираше НАгелсман.
„Домаќини сме на ЕП. Тоа не се случува секој ден. Тоа се случува еднаш во неколку децении. Затоа, многу сум возбуден што сум на оваа позиција и сум подготвен за предизвикот“ – изјави Нагелсман.