ОФИЦИЈАЛНО: Чави го продолжи договорот со Барселона

89

 

Барселона и тренерот Чави Ернандез ја продолжија соработката до јули 2025 година, пренесува официјалниот клупски веб-сајт. Новиот договор опфаќа и опција за продолжување на уште една година.

Чави стана тренер на Барселона во ноември 2021 година, а претходниот негов договор истекуваше во јули 2024 година. Во 96 меча под негово раководство, каталонскиот тим победи на 61 меч, ремизираше на 16 и загуби 19. Барса минатата сезона ја освои шампионската титула и шпанскиот Суперкуп.

ПретходноИнвеститор од Блискиот Исток сериозно заинтересиран за Интер
СледноА платен е 200 милиони евра годишно: Потегот на Нејмар кој ги разгневи фановите во С. Арабија! (ВИДЕО)