СУПЕР-КУП: Може ли МЗТ Скопје до ново изненадување против Баскет Кам?

66

Вовед на новата кошаркарска сезона и во машка и во женска конкуренција ќе даде Супер-Купот. Денеска во СРЦ „Кале“ ќе се одиграат двата меча за титулата во ова натпреварување.

Први на теренот ќе истрчаат дамите, а тука силите ќе ги одмерат Баскет Кам 2011 и на МЗТ Скопје Аеродром, дуелот е закажан во 17 часот.

„Аеродромки“ беа вистинското изненадување на собирот на кој беа најдобрите четири тимови во Купот на Македонија, а излегоа како победници. На другата страна Баскет Кам и оваа сезона атакува на титулата, па на дело ќе покаже со какви сили располага.

Натпреварот за освојување на Супер купот е вовед во новата сезона кој ќе ни даде увид за обработените тренинзи во изминатиот период. Освојувањето на овој трофеј би значел дополнителен мотив за тренажниот процес во новата сезона.

Женскиот кошаркарски клуб ‘Баскет Кам’ изминатите неколку сезони се наметна како лидер во домашното првенство, каде не само што се освојуваа титули во сениорска категорија, клубот одлично беше позициониран и со младинските селекции.

Со мојот ангажман како тренер во клубот, ќе придонесам заедно со стручниот тим, да се одржи овој континуитет, а со тимска работа да оствариме заеднички и повисоки цели на клубот. Можам да истакнам дека имаме добар спој на одличен сениорски кадар и талентирани млади играчи, кои полека ги приклучуваме во првиот тим, што посебно ме радува. Очекувам овој клуб полека, во циклус од две до четири години да бележи значителни резултати и на меѓународна сцена“, вели пред мечот Жаклина Стојановска.

На другата страна во составот на МЗТ Скопје Аеродром има промени, Вела Красниќ  има уште помлада екипа во однос на онаа ланската:

„Во овој момент сме во некоја, да ја наречам,  последна фаза од екипирање на тимот за новата натпреварувачка сезона. И извесно е дека на овој натпревар ќе играме со нашата младинска екипа, без странски засилувања, што е сериозен хендикеп. Но тоа е нашата реалност, немаме некои големи очекувања, размислуваме да се претставиме во што е можно подобро издание на дуелот со екипата од Македонска Каменица„, изјави Красниќ.

ПретходноИзненадувачки: Роналдо одлучи каде ќе ја заврши кариерата
СледноПелистер во турбо ритам пред Кил!