Пелистер во турбо ритам пред Кил!

162

Пелистер конечно се израдува на првата победа оваа сезона. Актуелниот македонски првак имаше четири порази во низа, два во Лига на шампиони, еден во Супер-Купот и еден на стартот на сезоната во Супер-лигата. Последните два беа од директниот конкурент за тронот, Вардар 1961.

По овие тешки денови, битолчани вчера го одиграа мечот против Мулти Есенс од второто коло во Супер-лигата, а веќе денеска ќе го пречекаат Голден Арт (18 часот). Овој турбо ритам го наметнува Лигата на шампиони, зошто веќе во среда во Битола гостува Кил.

Во истата група Б, Вардар 1961 е домаќин на Пролет (12:30 часот), ова ќе биде шанса за „црвено-црните“ да се зацврстат на врвот и да останат непоразени, додека пак во терминот од 18:30 часот Прилеп ќе го пречека Вардар Неготино. Третото коло во групата Б ќе се комплетира во понедленик со мечот меѓу Мулти Есенс и Бутел Скопје.

Во групата А, денеска ќе се одигра една средба, Куманово и Охрид ќе се сретна во 13 часот. Македонскиот вицепрвак, Алкалоид утре го пречекува вториот состав на Пелистер, Скопје е домаќин на Аеродром, додека Тиквеш на Струга. Во оваа група Алкалоид и Тиквеш имаат перфектен скор од две победи во исто толку одиграни меча.

ПретходноСУПЕР-КУП: Може ли МЗТ Скопје до ново изненадување против Баскет Кам?
СледноРафаел Надал нема право да настапува на ОИ во Париз?