Македонската тениска надеж ги заврши настапите на јуниорскиот Вимблдон. Поради повреда не можеше да одговори со сиот капацитет против домашниот тенисер Џек Пинингтон Џонс и го загуби мечот со 2-0 во сетови.
Во првиот сет Ивановски имаше контрола, се до водството од 5:4, а потоа му дозволи на противникот да сврти и да го добие со 7:5.
Во вториот сет британскиот тенисер водеше со 3:0 кога се повреди Ивановски. По неколку минути лекарска помош, Ивановски реши да не го предаде мечот туку достоинствено да го заврши – на теренот.
Се обиде колку што може да парира се обидуваше да не мисли на болките, меѓутоа не можеше да му парира на фаворитот. На Пинингтон Џонс му беше лесно и го заврши сетот со максимални 6:0.
Сепак, за Ивановски ова е огромен успех. Влезе како аутсајдер, а пројде два ривали и стигна до осминафиналето на престижниот Грен слем турнир. Тоа е најголемиот успех на некој македонски тенисер на Вимблдон.