Екипата на Пелистер реши уште една домашна задача. Победите во Супер-лигата за македонскиот првак и тоа како се добредојдени за рехабилитација по четирите порази во низа, два во Лигата на шампиони и два од Вардар 1961.
Битолчани во само два дена дојдоа до втората победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Голден Арт со 21-38. Актуелниот македонски првак по првото полувреме водеше со 10-17, позитива која го најави крајниот исход од оваа пресметка.
Емилијан Ѓорѓовски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мице Шилегов постигна шест.