Трајковски со победа дебитираше за Хајдук

442

Александар Трајковски со победа дебитираше во дресот на Хајдук. Македонскиот репрезентативец влезе од клупата на средбата со Локомотива Загреб и на крајот се радуваше на победа од 1:0, со која сплиќани ја прекинаа серијата негативни резултати во пресрет на дербито со Динамо Загреб кое е закажано за 1 октомври.

Трајковски доби шанса во 58. минута, а домашните победничкиот гол го постигнаа во 76. минута преку Сахити.

За екипата на Локомотива (З) заигра и нашиот 18-годишен интернационалец Фета Фетаи.

ПретходноМладинска репрезентативка на Украина е ново засилување за Наковски волеј
СледноСупер-Куп трофејот останува во Аеродром: МЗТ Скопје со еден „удар“ го реши Феникс (ФОТО)