Шампионот го дочекува својот редовен “пациент“!

138

Струга ТЛ попладнево на свој терен го дочекува Работнички.Тим кој пред стартот на сезоната, со огледна вложувањата и на ангжманот на нови играчи, беше апострофиран како еден од кандидатите за највисок пласман. Но Работнички не е оној Работнички од минатата деценија, барем според резултатите. Далеку е тоа.

Шампионот, ако се суди според традицијата, не би требало да има никаков проблем за да и денеска го победи Работнички. Имено откако влезе Струга ТЛ во елитата, тимот од Градски парк победил само еднаш на 15 меѓусебни средби,тука ги сметаме и мечевите во Купот. Струга ТЛ има девет победи а пет средби завршиле без победник.

Навистина на Работнички никако не му оди против Струга ТЛ.

May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Сепак од таму велат дека Струга ТЛ не била непобедлива:

„Му гостуваме на шампионот. Тоа е голем предизвик за нас, Струга ТЛ има силен тим, но не се непобедливи. Ние веруваме во нашите квалитети, се надевам дека денеска во Струга ќе одиграме квалитетно и ќе дојдеме до позитивен резултат“ истакна голманот на Работнички и репрезентацијата Игор Алексовски.

ПретходноСити го сака младиот напаѓач на Милан кој дал 384 гола на 86 натпревари
СледноПМФЛ: Вардар и Гостивар во дербито на дното, Силекс гостува во Струмица, Шкендија против “лавовите“, Воска го дочекува Шкупи!