Гвардиола: Не можам да спијам кога Халанд не ги претвора шансите во гол

115

Манчестер Сити доби уште еден меч во Премиер лигата, го совлада Нотингем Форест со 2:0. „Граѓаните“ добро тргнаа, повторно го имаат расположен Ерлинг Халанд кој има осум голови во досегашниот дел од сезоната во англиската лига.
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите размислувања за напаѓачот Ерлинг Халанд.
Ерлинг имаше неверојатни моменти оваа сезона, тој веќе можеше да постигне 14-15 гола. Тоа значи дека играме добро. Секогаш чувствувам дали на тимот му оди добро според бројот на шанси што ги има Ерлинг. Кога не учествува во шансите, нешто не е во ред со нашиот процес и динамика.

Мој совет е да не го критикувате премногу Ерлинг. Критикувајте го бекот, централниот бек или тренерот, но никогаш голгетерот. Затоа што кога тој ќе постигне гол, посебно за победа, тогаш ќе мора да барате прошка од него.
Не можам да спијам кога тој не ги претвора шансите во голови. Но, Халанд секоја недела е многу подобар. Тој е важен фудбалер. Тешко е да се задржи ритамот без да се подготвиме за сезоната бидејќи отидовме на турнеи во Јапонија и Јужна Кореја. Имавме малку време за тренинг.

Кога ќе ја освоите тројната круна, можеби размислувате: „Ќе почекам уште една недела за да бидам целосно фит“. Тоа е прашање на време. Најважно е да нема повреди. За жал, ова им се случи на некои од нашите играчи“, ја пренесува Дејли меил, изјави тренерот.

ПретходноПМФЛ: Вардар и Гостивар во дербито на дното, Силекс гостува во Струмица, Шкендија против “лавовите“, Воска го дочекува Шкупи!
Следно„Дијамантот“ слави 24. роденден, се надеваме со гол и победа против Болоња