Елиф Елмас денеска слави роденден. Популарниот „Дијамант“ го прославува својот 24. иако со оглед на фактот што сениорски фудбал игра скоро една деценија ни се чини дека Елмас е далеку постар. Сепак, не е. Нашиот најдобар фудбалер има уште цела една кариера пред себе, која се надеваме ќе ја „истера“ на највисоко можно ниво како и досега.
Денеска Елиф и неговата дружина од Наполи гостуваат на Болоња, па искрено се надеваме дека роденденот нашиот напаѓач ќе го прослави со гол, и победа на ова незгодно гостување.