Вардар –Гостивар е епилогот од дербито на дното на Маџари попладнево во меч од коло во ПМФЛ. Во тензичен меч,гостите со головите на Кехинде и Закпа славеа со 0:2. Па така сега Вардар е последен на табелата, тој е “фенерџија“. Убава атмосфера повторно на Маџари, но бадијала, Вардар реди порази. На полувремето тренерот Васоски беше исклучен поради бурни реакции кон судијата Стојанов.
Со голот на Камбери, Струга ТЛ го победи Работнички со 1:0. Шампионот реди победи и полека се искачува кон врвот на табелата, а од Работнички ништо ново.
Шкендија со мајсторскиот гол на Чинари, успеа да ја победи Македонија ЃП и да освои три бода со кои тетовци и натаму се лидери на табелата.
Брера во Струмица одигра 1:1 со Силекс.Кратовци поведоа со голот на Ѓорѓиовски во првиот дел, додека Трајков израмни за конечни 1:1.
Конечно Тиквеш ја победи Брегалница, и тоа со 2:1.Кавадарци е во еуфорија. Тиквеш “гази“, освои нови три бода. Гостите од Штип поведоа со 0:1, на 1:1 гостите имаа и пенал,но промашија, а потоа Ивановски стрелаше за 2:1, поретходно Спахиу израмни.
Шкупи со 2:3 славеше во Охрид кај Воска.Иако чаирчани губеа со 1:0 уште од 11.секундка,сепак се виде каде е квалитетот.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 8.КОЛО
БРЕРА – СИЛЕКС 1:1
(Трајков 76./Ѓорѓиовски 25.)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0
(Чинари 59./)
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1:0
(Камбери 50./)
ТИКВЕШ –БРЕГАЛНИЦА 2:1
(Спахиу 51., Ивановски 90./Андерсон 25.)
ВАРДАР – ГОСТИВАР 0:2
(/Кехинде 31., Закпа 89.)
ВОСКА – ШКУПИ 2:3
(Марушиќ 1., (п) 83./Сахити 13.,Дуду (п) 33., Воша 53.)