И покрај желбата, мотивите, навивањето на “Комитите“, сепак не оди опа не оди кај Вардар. Тимот одново поразен, се редат порази. Гостивар попладнево дојде на Маџари, си даде два гола и успеа да победи и со тоа да ги турне Вардар на последната позиција. Секако дека имаше тензија, имаше и реакции на судењето на Стојанов. Вака важен меч за двете екипи секако дека не можеше да мине така мирно.
Кога сме кај табелата по 8.коло евекако изгледа сега таа:
Шкендија (-1), 16, Шкупи 15, Брера 14, Силекс 13, Тиквеш 13, Струга (-3) 12, Работнички 10, Брегалница 9, Македонија ЃП 8, Воска (-1) 7, Гостивар 6, Вардар (-1) 4 бодови…