За се има првпат. Шкендија сака да ги следи европските трендови, а тие се малку необични бои на своите дресови.Така тетовци вчера за првпат досега во својата клупска историја играа во сиви дресови. По малку чудно, но сепак беше убаво и интересно. Како што велат од Шкендија ова е третата гарнитура и клубот сакал истата да биде промовирана.
Инаку познато е дека Шкендија досега играла со дресови со црвено – црна боја, потоа само бела или црвена.
Којзнае можеби таа опрема и донесе среќа на Шкендија, совладана беше Македонија ЃП со мајсторскиот гол на Ералди Чинари кој вреди да се погледне уште еднаш.