ФОТО НА КОЛОТО: Нов пораз, ново разочарување, вардарецот Матеус Лемос во очај!

969

Не оди, па не оди. Вардар вчера на свој терен го доживеа петтиот пораз на седумте одиграни натпревари во досегашниот дел од сезоната во ПМФЛ. Гостивар беше подобар и славеше со 0:2. Видливо беше разочарувањето кај вардарците, посебно Матеус Лемос,играчот за врска од Бразил не можеше и не сакаше да го сокрие својот очај по мечот.

Нов пораз, ново разочарување. Па така сега Вардар е последен со само 4 бода. Уште ако се знае дека Вардар допрва треба да го  одигра заостанатиот меч со шампионот, а од недела натаму следува пеколна серија на тешки мечеви и тоа со Брегалница (гости), Шкендија (дома), Работнички (гости), Брера (дома), Шкупи (гости)…што да се каже.

Овој меч со Гостивар беше екстра значаен за Вардар, и тој е загубен.

Сепак до крајот има уште многу да се игра.

ПретходноХајдук го продаде младиот Вушковиќ во Тотенхем
Следно“Спортске Новости“ за Алекс: Токму тој играч му требаше на Хајдук, класата се гледа од секој негов допир со топката!