Преговорите на релација Манчестер Сити – Кевин де Брујне за продолжување на истиот во моментов се прекинати и тоа од страна на клубот. Имено се остава простор да се види како ќе игра Де Брујне по повредата па дури тогаш ќе му се понуди договор до 2027 година, инаку важечкиот му истекува во 2025.
Ова сака да го искористи ПСЖ. Па така медиумите во Франција лансираат “бомба“ во која се вели дека клубот од Париз ќе достави понуда до „Етихад“ и самиот фудбалерсо цел уште во јануари да дојде до трансфер.
Секако дека за ова се прашува и самиот менаџер на Сити, Пеп Гвардиола.