Напаѓачката ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд оваа сезона најверојатно ќе го собори рекордот за најбрзо постигнати 50 гола во англиската Премиер лига. Со последниот погодок на саботниот меч со Нотингем Форест, Норвежанецот дојде до бројката од 44 постигнати гола на 41 одигран меч во англиската елита.
Според тоа, на Халанд му требаат уште само шест гола за да стигне до 50 гола во англиската елита, а има уште 24 натпревари до бројот на настапи со кои Ендрју Кол (65) успеа да стане рекордер. Некогашниот голгетер на Манчестер Ј. моментно е прв на листата со 50 гола по 65 одиграни премиерлигашки дуели.