Првиот човек на ФФ на Албанија е нов потпретседател на УЕФА

746

Арманд Дука, актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Албанија е именуван за потпретседател на УЕФА. За првпат Албанец е избран на највисоката раководна позиција во европскиот фудбал, а оваа одлука доаѓа поради искуството и доприносот на Дука во развојот на европскиот фудбал.

Тој беше избран на денешниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА на Кипар на местото на Шпанецот Луис Рубиалес кој беше разрешен од сите функции по скандалот со шпанската репрезентативка по финалето на СП.

Дука ќе има мандат до 2027 година.

А УЕФА исто така на Албанија и го додели ЕП 2025 за играчи до 17 години. На состанокот е одлучено и Суперкупот 2025 да се одржи во Варшава.

ПретходноЈувентус под нова истрага
Следно Роналдо се ожени по четврти пат