УЕФА им дозволи на младите руски репрезентации да играат на нивни натпреварувања

140

УЕФА на состанокот на Извршниот комитет донесе одлука да ја олесни суспензијата на Русија од учество во меѓународни натпревари. УЕФА им дозволи на руските репрезентации до 17 години (машката и женската) да учествуваат на турнирите под нивна организација – квалификации и ЕП.

„Сметаме дека децата не треба да бидат казнети за акции за кои се одговорни возрасните и цврсто верува дека фудбалот никогаш не треба да престане со пораки за мир и надеж“, соопштија од УЕФА.

Тимовите ќе ги играат натпреварите на неутрален терен без знаме и химна.

Инаку сите останати руски репрезентации и клубови се суспендирани од меѓународните турнири од крајот на зимата 2022 година. УЕФА информира дека суспензијата останува се до завршување на воениот конфликт во Украина.

 

 

ПретходноОК Младост УГД се засили со интернационалка од БиХ
СледноЧелзи го донесе за 72 милиони евра, а тој сезонава нема одиграни ниту еден меч