Челзи го донесе за 72 милиони евра, а тој сезонава нема одиграни ниту еден меч

305

Марк Кукуреља беше од Челзи донесен минатото лето да ја засили одбраната. Неговиот трансфер ги чинеше „сините“ речиси 72 милиони евра, а сезонава не е прв избор на тренерот Маурицио Покетино, всушност Кукуреља се уште го чека првиот меч во Премиер лигата оваа сезона. Тој единствено одигра  неколку минути против Вимблдон во Лига купот.

Кукуреља е цврсто седнат на клупата, а тоа не му се допаѓа. „Сан“ пишува дека Шпанецот зборувал со тренерот но не го добил одговорот што го барал. Па затоа размислува да си оди од „Стемфорд Бриџ“.

Опција е враќање во Шпанија, а „Сан“ пишува дека Реал го следи случајот. Тој може да дојде на „Бернабеу“ како позајмен во вториот дел од сезоната.

Кукуреља претходно играше во Брајтон, Хетафе и Барселона.

ПретходноУЕФА им дозволи на младите руски репрезентации да играат на нивни натпреварувања
СледноПретседателот на Наполи под истрага за трансферот на Осимен