Нова повреда на Арда Гулер

457

Само што направи кам бек од првичмата повреда откако е дел од тимот на Реал Мадрид, турскиот интернационалец, Арда Гулер повторно се повреди. На денешниот тренинг Арда го истегнал мускулот на десната нога, факт кој вели дека тој сега ќе биде надвор од терените околу две недели.

Гулер летово пристигна во Мадрид како еден од најголемите Европски но и светски таленти. На турнејата во САД се повреди, па му беше опериран менискусот, за да сега ете се појави и нов за среќа мини проблем. Турчинот ќе мора уште малку да почека на своето деби во дресот на „Кралевите“.

ПретходноКривањева: Респект за Воска но бодовите утре се за Струга ТЛ
СледноУЕФА вели „ДА“ за Русија, Англија вели ние не играме