Тодор Гечевски и официјално е новиот спортски директор на Работнички. Поранешниот репрезентативец денеска се појави на прес-конференцијата на најтрофејниот кошаркарски колектив по повод квалификацискиот турнир за ФИБА Евро-Купот.
Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера, тој беше дел од младинската школа, а сега веќе ќе има поголема функција.
Искуството на Гечевски стекнато од кошаркарската кариера, но и функцијата која ја имаше во КФСМ како спортски директор (ја напушти поради конфликт со Перо Антиќ0 ќе биде добредојдена за Работнички, кој го години го бара „рецептот“ да се врати во препознатливото светло.
Според буџетот кој го има на располагање раководството, за оваа сезона нема простор за изговори, Димитар Мираковски и неговите момци треба да излезат од сенката и да потврдат зошто се еден од фаворитите за освојување на титулата.