Бранителот на европскиот трон Магдебургја прекина серијата од два порази во ЛШ со убедлив триумф над словенечки Целје со 16 гола разлика. Конечниот резултат беше 39:23 (полувреме 20:13). Од стартот Германците наметнаа игра која беше нерешлива енигма за словенечкиот тим кој влезе како аутсајдер во овој меч. Магнусон постигна осум голови, Муше даде 7, Петерсон 6 во редовите на победничкиот тим.
Кај Целје најефикасен беа хрватскиот интернационалец Иванковиќ и Словенецот Качичник со по четири гола.
Магдебург идното коло ќе игра против Висла, додека Целје кој има три порази од исто толку натпревари ќе игра дома со Монпеље.