Столе четврти меч сезонава без примен гол, Рајо со бод од Кадиз

89

Екипите на Кадиз и Рајо Ваљекано си поделија по бод од меѓусебниот дуел во 7 коло на шпанската Ла Лига. Македонскиот голман Столе Димитриевски одигра цел меч во дресот на Рајо, а резултатот на стадионот „Нуево Мирандиља“ е 0:0.

Ова е четврти меч сезонава во Ла Лига на кој Димитриевски не прима гол. Рајо е на шестата позиција на табелата.

А на „Местаља“ екипата на Валенсија загуби од Сосиедад со 0:1. Фернандез во 32 минута го доведе Сосиедад во предност, во 45 минута Валенсија остана со играч помалку поради втор жолт картон на играчот за врска Амалах, а во вториот дел домашните немаа сили да спасат барем бод.

За Валенсија ова е трет пораз, а за Сосиедад трета победа.

ПретходноЛига куп: Ливерпул, Арсенал и Челзи сигурни, Њукасл го исфрли Манчестер Сити
СледноЛилард ќе игра заедно со Јанис во Милвоки