Гатузо и официјално е нов тренер на Олимпик Марсеј

106

Од синоќа Џенаро Гатузо и официјално е нов тренер на екипата на Олимпик Марсеј. По проблемите кои овој тим ги имаше на резултатски план управата се одлучи на тренерска смена, па италијанецот е ангажиран да ја спасува ситуацијата.

Гатузо последно беше дел од тимот на Валенсија, а ги водеше и Наполи, Милан, Пиза, Офи Крит и Палермо.

Олимпик во моментов е на осмата позиција и е без победа во последните три кола.

ПретходноЛилард ќе игра заедно со Јанис во Милвоки
СледноАлиоски го посети светото место Мека