Тимот на Милан официјално го претстави својот проект за нов стадион пред општинскиот совет на миланското предградие Сан Донато, каде што ќе се гради објектот.
Идниот стадион ќе има капацитет од околу 70 илјади гледачи и ќе го користи само Милан секако. Оттаму најавија дека целта им е да изградат иновативен, одржлив и мултифункционален објект. Дизајнот, кој ќе биде откриен во подоцнежна фаза, ќе го подготви популарната архитектонска фирма MANICA, а проектот е доверен на АЦВ ICON. Намерата на клубот е да има најодржлив стадион во Италија, кој ќе биде меѓу водечките во овој поглед и во Европа.
📰 @pasqlaragione: Renderings of the new potential AC Milan stadium in San Donato presented today in a press conference. pic.twitter.com/63NH3qnPUA
— Milan Posts (@MilanPosts) September 27, 2023