Инзаги: Требаше да бидеме поостри и посконцентрирани (ВИДЕО)

118

Синоќа екипата на Интер во вонредното коло од Серија А, изненадувачки загуби на домашен терен од Саусоло со 1:2. Иако Дамфрис ги донесе домашните во водство, следуваше комплетен пресврт на Сасуоло преку Недим Бајрами односно Доменико Берарди во вториот дел.

Тренерот Симоне Инзаги нема како да биде задоволен од ваквиот развој на настаните, затоа што сите очекуваа по дербито на Милано, и големиот триумф над Милан од 5:1, победничка серија, а не шокирачки пораз од екипа која реално мора да се добие на домашен терен.

„Одигравме добро прво полувреме против класа тим кој е во форма. Од шансите што ги создадовме требаше да постигнеме повеќе голови. По паузата почнавме добро, но грешката дојде за 1:1 и од тој момент не бевме доволно остри, не можевме да ја задржиме формата, Берарди постигна екстра гол и тотално го загубивме патот“, смета Инзаги па додава.

„Можеби има некои сличности со играта на Реал Сосиедад, но генерално мислам дека добро ги затворивме приодите кон нашиот гол во првото полувреме. Не дозволивме многу контра напади. Тогаш требаше подобро да ги искористиме нашите шанси. Вакви неизвесни мечеви секогаш може да одат во било која насока. Затоа моравме да бидеме поостри и поконцентрирани“, додаде стратегот.

ПретходноАлиоски го посети светото место Мека
СледноГвардиола: Дали мислите дека нашата цел беше четири трофеји? Верувајте дека не…