Тројца рековалесценти се враќаат во составот на Тен Хаг за мечот со Палас

373

Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хаг ќе може да смета на поголем број играчи за следниот премиерлигашки меч со Кристал Палас. Тимот од Олд Трафорд од почетокот на сезоната мака мачи со повреди, но ситуацијата значително се подобри во очи на новиот дуел викендов.

За новата средба со избраниците на Рој Хоџсон, овој пат во првенството, Тен Хаг ќе може да смета на тројца играчи кои во вторникот беа надвор од тимот бидејќи беа болни. Станува збор за Серхио Регулион, Скот Мектоминај и Кристијан Ериксен.

Лук Шо, Тајрел Маласија и Арон Ван-Бисака се уште се надвор од терените, како и стоперот Лисандро Мартинез.

ПретходноЧелзи со астрономска понуда за Осимен во јануари, ќе понуди 170 милиони евра
СледноЛилард првата СМС порака ја добил од Јанис: „Ајде веќе да го освоиме овој проклет шампионат“