Бонучи потврди дека ова му е последна сезона, во јуни оди во пензија

110

Италијанскиот дефанзивец во екипата на Унион Берлин, Леонардо Бонучи изјави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната 2023/2024.

„Имав две опции – Лацио и Унион. Го избрав Унион затоа што сакав да пробам нешто ново во мојата последна фудбалска сезона. Потоа, веројатно, ќе започнам кариера како тренер. Германија ни дозволува да усовршиме некои дисциплински и професионални методи“, рече Бонучи во последната своја изјава.

36-годишниот Леонардо Бонучи летово се пресели во Унион Берлин, откако 12 години помина во дресот на Јувентус. Италијанецот минатата сезона забележа 26 настапи во сите натпреварувања, во кои постигна два гола.

ПретходноЈувентус најде замена за Погба, но ќе мора да плати 30 милиони евра
СледноВладата прифати, ФФМ ВО АКЦИЈА! Скопската нива во ноември ќе биде прекрасен терен!