Во недела во Сплит на „Пољуд“ се игра мега –дербито меѓу Хајдук и Динамо Загреб. Според анализата на хрватски “Индекс“ вистинска паника владее во таборот на “модрите“ поради повредата и отсуството на Стефан Ристовски. Јасно е дека Македонецот ќе го прескокне овој меч, и сега стручниот штаб размислувакој ќе го чува Марко Ливаја, најдобриот фудбалер на Хајдук ако не и во цела ХНЛ.
Во анализата се вели дека на последните неколку дербија Ристовски таа задача одлично си ја одработувал и затоа сега Динамо Загреб има големи проблеми.
Инаку веројатно Аријан Адеми овој меч ќе го започне од клупата, проблеми прават Кинезите, односно Пекинг Гуан со чудните клаузули, а една од тие е дека ако македонскиот репрезентативец игра осум меча одигра повеќе од 35 минути, тогаш Динамо треба да им плати најмалку 500.000 евра.