Барселона ја совлада Севиља со 1:0 во воведниот меч од 8.коло во шпанската Ла Лига. „Каталонците“ стигнаа до бодовите благодарение на автоголот на дефанзивецот на Севиља, Серхио Рамос во 76 минута.
Нафрлената топка стигна до младиот Јамал кој со глава ја упати топката кон петерецот, а Рамос ја смести во својот гол.
Барселона ја забележа шестата победа и е лидер на табелата со 20 бода. Зад нив се Џирона со 19 и Реал со 18 со еден меч помалку. Севиља е на 12. позиција со 7 бода и четири порази.
🚨GOAL: Sergio Ramos at the wrong end! Own goal!
FC Barcelona 1-0 Sevilla. pic.twitter.com/QlbbA26R3k
— TTS. (@TransferSector) September 29, 2023