Тиквеш со „четири од четири“ во Супер лигата

336

Екипата на Тиквеш продолжува со победите во Супер лигата откако денеска во четвртото коло ја обезбеди и четвртата победа, а овојпат на гостински терен против Куманово со 16:28. Кавадарчани имаа предност од три гола на полувреме (10:13), а ракометарите на Матлиевски одиграа уште подобро во второто полувреме и го „растурија“ домашниот состав.
Кај Тиквеш се истакна Симиќ со шест гола, а пет постигна Темелкоски. Кај Куманово, кој го впиша четвртиот пораз, најефикасни беа Димитров и Даневски со по три гола.

ПретходноЧетворица македонски судии ќе судат натпревари во ЦЕВ Челинџ Купот
СледноПолувреме во Ѓорче: „Лавовите“ водат со голот на Попзлатанов, Брера безопасна! (ВИДЕО)