Астон Вила со деветта победа по ред на домашен терен, Воткинс со хет-трик

57

Екипата на Астон Вила убедливо го совлада Брајтон со 6:1 во меч од 7.коло во Премиер лигата. По првото полувреме Вила имаше предност од три гола. Оли Воткинс ги постигна првите два гола, а со автогол на Еступинан тимот на Вила веќе имаше супер резултат.
Во 50 минута Ансу Фати го намали резултатот, а потоа Воткинс со својот трет гол на мечот зголеми на 4:1, следуваше гол на Џејкоб Ремзи овојпат Воткинс во улога на асистент и гол на Даглас Луиз во седмата минута од судиското продолжение за конечни 6:1. А Воткинс го реализира вториот хет-трик сезонава по оној против Хибернијан во квалификациите за Лигата на конференции.

Астон Вила има девет едноподруго победи на домашен терен во Премиер лигата, нивна најдобра победничка серија по онаа во 1983 година од 13 такви мечеви. Освен тоа Вила ја запиша четвртата едноподруго победа над Брајтон.
На табелата тимот од Бирмингем има 15 бода, а Брајтон е над нив со исто бодови.

ПретходноБлесок на Димитријевиќ, Уникс со убедлива победа
СледноЗдравковски и Мадервил во судиското продолжение испуштија бод против Селтик (видео)