Алкалоид преку Аеродром до перфектни „четири од четири“

87

И по четвртото коло не се менува друштвото на големата тројка без пораз. По Вардар 1961 и Тиквеш, до четвртата победа во низа дојде и Алкалоид. Избраниците на Кирил Лазаров славеа против Аеродром со убедливи 30-44 во последниот меч од денешната програма во Супер-лигата.

Аеродром само на почетокот му парираше на вицепрвакот, отвори со 5-2. На другата страна веднаш следеше одговор од Алкалоид за 5-5. Домаќинот дојде на нови плус два 7-5, а потоа противникот полека ја превзема контролата на дуелот, по последните 15-15, со серија од 1-6 на одморот замина со позитива од 16-21.

Во второто полувреме сликата целосно се промени. Доминацијата беше на страната на Алкалоид, кој набрзина дојде на плус 15 (18-33) и до крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.

Џонов беше стрелец на десет гола, Петковски имаше осум, додека Дамјан Митев беше стрелец на седум гола. Стефан Бошковски беше најдобриот стрелец од игра со шест гола, додека Костов постигна седум од кои пет од седмерец.

ПретходноРеал и одржа лекција на Џирона
СледноМатип трагичар, Тотенхем со автогол до комплетен триумф во дербито со Ливерпул (ВИДЕО)