Баскет Кам со победа тргна во Балканската лига

151

Кошаркарите на Баскет Кам со победа ги започнаа натпреварите од новоформираната балканска лига.

Во првиот полуфинален натпревар од собирот во Требиње, македонскиот шампион одигра одлично второ полувреме во кое ја анулираше негативата од првото, и на крајот стигна до убедлива победа против црногорскиот претставник Херцег Нови (91:76).

Црногорките имаа предност по 20. минути (51:46), но кошаркарите кои од клупата во оваа сезона, ги предводи Жаклина Стојановска, заиграа доста подобро во одбраната. Од друга страна продолжија со ефикасната игра. Го задржаа противникот на само 28. поени во вторите 20. минути, реализираа 50.

Доволно за место во финалниот меч во кој ќе играат против подобриот од дуелот помеѓу домаќинот Леотар и Раднички од Белград.

Димова постигна 25.поени, Кметовска реализираше 22.поени. Адамовска го заврши овој натпревар со 15.поени, а двоцифрен број на реализации, имаше и Максимовска (13).

ПретходноМатип трагичар, Тотенхем со автогол до комплетен триумф во дербито со Ливерпул (ВИДЕО)
СледноРБ Лајпциг „покажа заби“, Баерн навреме се врати за конечно реми (ВИДЕО)