Ивановски заврши трет на маратонот, но не успеа да обезбеди норма за Париз (ФОТО)

547

Над 11.000 учесници денеска беа дел од Визер Скопски Маратон. И овој пат доминираа учесниците во Кенија.

На главниот маратон во машка конкуренција победник беше Виктор Киплагат Серем, кој запиша време од 02:15:09, зад него заврши неговиот сонародник, Лабан Шерујот, додека пак третото место му припадна на нашиот Дарио Ивановски. Тој маратонот го истрча со време од 02:19:08, сепак ова не беше доволно за да обезбеди норма за ОИ во Париз, па следната шанса за тоа ќе ја има Валенсија.

Кај дамите прва беше Рут Матебо, која запиша време од 2:44:17, од македонските претставнички на четвртото место се најде Билјана Кираџиева која оствари време од 03:15:17.

Во полумаратонот во машка конкуренција подиумот му припадна на Бен Фелтон од В.Британија, зад него беше Велимир Бојовиќ, додека Леонид Вандевски заврши трет.

Додека кај дамите победничка беше Поп Арсова со време од 1:21:19.

ПретходноХорхе Мартин најбрз во Јапонија
СледноТен Хаг: Не бевме доволно добри