Нотингем Форест и Брентфорд одиграа 1:1 на „Сити граунд“ во меч од 7.коло на Премиер лигата. „Шумарите“ од 57 минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ниакате (втор жолт картон), а веднаш потоа Норгард го доведе Брентфорд во водство.
Во 65 минута на нафрлување на Тофоло, одлично со глава реагираше Нико Домингез и го изедначи резултатот.
За Нотингем ова е второ реми сезонава, а има осум бода, додека за Брентфорд е четврто реми за 7 бода на табелата. Брентфорд веќе пет меча не знае за победа.
⚽️🏴 GOAL | Brentford 1-1 Nottingham Forest | Dominguez
Dominguez equalises for Nottingham!pic.twitter.com/zMUB91JbDZ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) October 1, 2023