Според шпанските медиуми, Атлетико Мадрид и Барселона се подготвуваат за размена на играчи.
Според шпанските медиуми, Атлетико Мадрид и Барселона се подготвуваат за размена на играчи.
„Мундо Депортиво“ тврди дека актуелниот првак е подготвен да го врати Антоан Гризман, а во редовите на каталонскиот гигант да го прати Саул Нигуез.
Оваа вест е на насловната страница како ексклузива, и навистина не е невозможно францускиот фудбалер да ја напушти Барселона. Преговорите меѓу двата тима се во почетна фаза.
Нигуез е голема желба на Роналд Куман, но има откупна клаузула од 150 милиони евра, па токму затоа Барселона сака овој трансфер да го реши со размена на играчи.
Гризман во Барса дојде токму од Атлетико во 2019 година, но дефинитивно не ги пружа истите партии како во дресот на „јорганџиите“ со кого ја освои Лига Европа, европскиот и шпански Суперкуп, а со Франција беше светски првак во 2018 година.