Осимен го прекина молкот по скандалот

1309

Најдобриот стрелец на Наполи, Виктор Осимен излезе со став во врска со скандалот кој изби минатата недела меѓу него и клубот. На ТикТок профилот се појавија две видеа кои го исмеваа Нигериецот. Подоцна беа отстранети, но бесниот Осимен ги избриша од социјалните мрежи неговите фотографии со тимот на Наполи, а неговиот адвокат му се закани на клубот со тужба.

„Пристигнувањето во Наполи во 2020 година беше прекрасна одлука. Народот на Неапол ми покажа толку многу љубов и добрина. Никогаш нема да дозволам некој да дојде меѓу нас. Страста на Наполитанците ми ја разгорува желбата секогаш да играм со срце и душа. Мојата љубов кон Наполи е безусловна и со гордост го носам клупскиот дрес. Обвиненијата против жителите на Неапол се невистинити. Имам многу наполитански пријатели кои станаа дел од мојот живот и од моето семејство. Ги ценам Нигеријците и им благодарам на нив и на сите други за нивната поддршка. Јас сум навистина благодарен. Да продолжиме да одржуваме единство, почит и меѓусебно разбирање“, напиша Осимен на Инстаграм.

ПретходноПобеда му се заблагодари на Филип Мирчески
СледноМарковски осум места нагоре, Ивановски и Србљак по едно надолу