Новак Ѓоковиќ ја започна својата 373 недела на врвот на АТП листатата. Српскиот тенисер му остана да се надмине самиот себе си и да дојде до бројот 400, а до таму го делат уште седум недели.
Ѓоковиќ до крајот на годината игра во Париз, завршниот Мастерс во Торино и на Дејвис Купот. Карлос Алкараз, кој е втор на АТП-листата има шанса да го престигне. Шпанецот во моментов е во Пекинг и стигна до четвртфиналето, има 8.625 бодови, додека Ѓоковиќ има 11.545. И да победи во Пекинг, Алкараз ќе дојде до 9.030 бода.
Сепак следните турнири ќе бидат опасност за Ѓоковиќ, бидејќи младиот тенисер ќе игра во Шангај, Базел, Париз и Торино.
Што се однесува до Топ 10, зад нив двајца се Медведев, Руне, Циципас, Рубљев, Синер, Фрик, Руд и Зверев.