Лисандро во „аут“ до крајот на годината

81

Централниот бек на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез нема да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на 2023 година. Аргентинецот ќе прави операција на метатарзалната коска и тоа по вторпат за неколку месеци. Првиот пат направи во април. Тогаш тој отсуствуваше 11 недели. Се врати во пред сезоната и на подготовки и ги одигра првите четири меча во Премиер лигата.
Мартинез се повреди во дербито со Арсенал минатиот месец. Против Брајтон и против Баерн Минхен играше со инјекции, но тестирањата покажале дека метатарзалната коска не зараснала правилно. Поради тоа тој ќе мора пак да се оперира и да паузира три месеци.
Тренерот Ерик тен Хаг располага со централни бекови, здрави се Рафаел Варан, Виктор Линделоф, Џони Еванс и Хари Мегваер.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Куевен е најдобар кога е најпотребно