Барселона го донесе австрискиот Меси

324

Каталонскиот гигант Барселона го донесе 18-годишниот Јусуф Демир, кого го нарекуваат австрискиот Меси. Талентираниот фудбалер ќе игра на „Ноу Камп“ под наем од Рапид Виена до јуни 2022 година за 500.000 евра со опција да биде откупен за 10 милиони евра.

Но тој нема да игра во А тимот на Барселона, туку ќе оди во Б тимот каде што ќе треба да се привикне на шпанскиот фудбал и да се докаже пред да биде прекомандуван во најсилната екипа.

Демир две сезони игра во сениорскиот тим на Рапид со ефект од 31 меч и 6 голови. Тој може да игра како крилен напаѓач или како офанзивен играч за врска. Тој е вториот австриски фудбалер во Барселона по легендарниот Ханс Кранкл.

 

ПретходноТавареш стана играч на Арсенал и се испофали: „Брз сум, добро шутирам, дриблам…“
СледноРуи Коста е нов претседател на Бенфика