Руски голман во редовите на Баер Леверкузен

250

Германски Баер од Леверкузен го објави новото засилување на голманската позиција, а се работи за Андреј Лунев кој дојде од гигантот Зенит. 29-годишниот руски репрезентативец доаѓа како слободен играч, а потпиша договор на две сезони.

Инаку на голот на Баер игра финскиот репрезентативец Лукаш Храдецки што значи дека Лунев ќе има сериозна конкуренција на „Бај арената“.

„Баер е еден од најдобрите клубови во Германија. Бев импресиониран кога дознав дека ме бара Баер. Сега сум дел од овој клуб и ќе дадам се од себе за да се прикажам во најдобро светло“, изјави Лунев.

ПретходноШоу на стартот на ЕХФ шампионатот: Нашите младинки ја „демолираа“ Босна
СледноСавевски: Добра почеток, одбраната беше на потребното ниво