Арапите го одложија италијанскиот Суперкуп, се чека нов термин

154

Италијанскиот Суперкуп нема да се одржи во првите денови по новата година. Како што објавија денеска италијанските новинари, првото издание со новата формула со учество на четири екипи во кое ќе учествуваат Лацио, Наполи, Фиорентина и Интер, првично беше закажано со полуфинални дуели на 4 и 5 јануари, а финале на 8 јануари.

Сепак, Лега Серија А денеска посочи дека овие датуми се суспендирани и наскоро ќе бидат објавени нови термини за италијанскиот Суперкуп.

„Лега Серија А информира дека од арапските спортски власти доби барање да се премести терминот за Суперкуп. Новите датуми ќе бидат соопштени по состанокот на Советот на Лигата свикан на 9 октомври“, се вели во соопштението.

ПретходноЛШ: Реал го освои Неапол, Галата го посрами Манчестер Ј., Ленс го „урна“ Арсенал (ВИДЕО)
СледноНа полноќ стигнаа загрижувачки вести за Арсенал