Џуд Белингем јасно покажува зошто Реал летово го направи најскапиот играч во историјата на клубот. Доколку се исполнат сите клаузули од договорот, Борусија Дортмунд за него ќе добие 130 милиони евра.
Белингем и во Наполи во Лигата на шампионите покажа дека е најдобар играч на Реал. Гостите победија со 3:2, а еден гол беше брилијантно наместен и уште подобро постигнат од англиска суперѕвезда. Така по само девет натпревари за Реал веќе има осум гола и три асистенции.
На стадионот Диего Марадона, тој ја прими топката во центарот, а потоа мина пет ривали до шеснаесетникот, кога дојде пред голот го заврши велемајсторскиот слалом во трка со навидум лесно забивање. Секако, во медиумите и на социјалните мрежи веднаш почнаа споредбите со оној на чиј стадион го направи ова чудо.
По натпреварот, Белингам ги коментираше овие споредби:
“Дали постигнав гол како Марадона? Ве молам не претерувајте. Тоа е малку премногу. Од она што го видов на YouTube, тој беше малку подобар од мене. Поточно, многу подобар од мене…“.
JUDE BELLINGHAM CAN’T STOP SCORING! 🤯
What a solo goal! 🔥Napoli 1⃣-2⃣ Real Madrid#UCL
(via @CBSSportsGolazo)pic.twitter.com/P6hHvdvF2z
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) October 3, 2023
Белингем стана првиот играч од среден ред кој успеал да постигне осум гола во Лигата на шампионите пред да наполни 21 година. Претходно ова им успеа на Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Карим Бензема и Патрик Клајверт.