Андре Онана летово стана третиот најскап голман во историјата, кога Манчестер Јунајтед го донесе од Интер со отштета од 55 милиони евра. Само Кепа и Алисон се поскапи од него.
Но, Камерунецот засега е далеку од потребното ниво. Веќе на првиот натпревар на „Олд Трафорд“, иако пријателски, прими гол од центарот. Потоа прими четири гола против Баерн во Лигата на шампионите, по што им се извини на играчите и навивачите и изјави дека тоа е еден од најлошите натпревари во неговата кариера.
Но, Онана покажа дека може и полошо и тоа во пораз од Галатасарај од 3-2 во второто коло од Лигата на шампионите.
Во 76. минута. при резултат 2:2, Онана по којзнае кој пат играше со топката. Тој беше нападнат од Икарди, а голманот на Јунајтед наместо да ја шутира топката, тој ја испрати кај Мертенс. Во овид а ја спаси целата ситуација Касемиро мораше да го спречи со прекршок, па доби втор жолт картон и пенал. Икарди промаши пенал од белата точка, но пет минути подоцна погоди за Галатасарај.
На првите 10 натпревари во Јунајтед, Онана прими дури 18 гола.