Милевски: Чурлинов е тука, Дориан Бабунски не, и тоа е моја одлука, а ние на секој меч одиме на победа

1235

Македонскатта фудбалска репрезентација ја очекуваат два дуели во октомври, двата од различен карактер. Против Украина во Прага во рамките од квалификациите, на 14 октомври, а потоа и против Ерменија во Струмица на пријателски дуел.
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери, на кои ќе смета за овие два меча, а  во него одново го има Дарко Чурлинов, кој конечно направи кам бек на терените, а за сметка на тоа го нема Дориан Бабунски напаѓачот на Грасхоперс

 

„Списокот е тој што беше и претходниот собир. Тука е и Дарко Чурлинов кој што веќе имаше настап за У21 тимот на Барнли и одигра триесетина минути. Сите останати се истите од претходниот собир. 

Мислам дека веќе влегуваме во финалмната фаза од овие квалуифиуакциии. Мислам дека и ние и Украина сметаме само на победа. И нам и ним им треба само победа. Очекувам отворен натпревар затоа што реми не одговара никому. Потоа ни следуваат мечеви со Италија и Англија па ќе видиме што ќе ни донесе овој дуел.

Секако дека е анализиран многупати тој меч во Скопје против Украина. Воочени се доста аномалии но и пизитивни работи. Во однос на тоа како посакуваме да изгледаме на овој меч. И во тие шеесетина минути кои ги одигравме одлично имавме аномалии во играта. 

На секој собир имаме по некој проблем, дали во дефанзива, дали во напад. Зајков имаше операција, жалам што не е тука  но се радувам што е во ред и закрепнува. Оние што се тука мислам дека адекватно ќе го надополнат неговото одсуство“ – изјави селекторот Милевски, а на прашањето зошто го нема Дориан Бабунски на списокот, додаде.

„Имав разговор со Дориан Бабунски, неговиот учинок во клубот, за разлика од она што го дава на тренинзите е причината за мојата одлука тој да не биде тука овој пат. Тоа не значи дека Дориан нема да е дел од нас веќе следниот репрезентативен термин“ – изјави селекторот Благоја Милевски.

 

ПретходноМилевски го објави списокот за Украина и Ерменија
СледноКанатларовски: Мечот против Молдавија е најважен во овие квалификации